PRESTIGE-AF   Prevention of Stroke in Intracerebral hemorrhage survivors with Atrial Fibrillation

Меѓународниот проект  Prestige AF започна  со цел да  спречи  исхемичниот мозочен удар кај пациентите кои веќе шреживеале друг тип на мозочен удар мозочно крварење...прочитај повеќе

         Започна голема нова меѓународна студија со надеж дека ќе ги прошири придобивките од механичката тромбектомија. Тромбектомијата е третман за одредени видови на акутен исхемичен мозочен удар кој може да користи механички уреди за драстично намалување на ефектите од тековниот исхемичен мозочен удар...прочитај повеќе

 

Работна конференција и Генерално собрание на Stroke Alliance for Europe (SAFE), Загреб, Хрватска, 06-08декември, 2017

Работната конференција и Генералното собрание на Stroke Alliance for Europe (SAFE), се одржаа во Загреб, Хрватска, 06-08 декември, 2017, со поддршка на Хрватското здружение за мозочен удар.Пленарните предавања и работилниците беа посетени од 98 делегати од 32 земји. Претставници од Р. Македонија беа Д-р Маја Божиновска-Смическа (Охрид), д-р Елена Личкова (Штип) и Проф. д-р Анита Арсовска (Скопје)

Делегатите од Р. Македонија со Претседателот на SAFE, Џон Барик . . . прочитај повеќе

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

29-ти Октомври 2017 год. традиционално денот на мозочен удар одбележан со превентивни прегледи во повеќе места низ државава. Посетителите имаа можност да дознаат повеќе за сопствените ризик фактори, да добијат совети или преглед од специјалисти но и да научат повеќе за физикалната терапија и рехабилитацијата по мозочниот удар.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

30-ти Октомври.  СВЕТСКИ ДЕН НА МОЗОЧНИОТ УДАР - ДЕН ПОТОА - РЕХАБИЛИТАЦИЈА
1/3 од мозочните удари остануваат со доживотен инвалидитет. Рехабилитацијата е важна .
РEХАБИЛИТАЦИЈА= ПРЕДИЗВИК ЗА ВАШИОТ МОЗОК + БОРБА ПРОТИВ МОЗОЧНИОТ УДАР

Добра вест- процесот на опоравување на мозочниот удар е едноставен.

Лоша вест- Опоравувањето бара многу работа и дисциплина.

Почеток- веднаш !!!   Физикалната терапија треба да започне веднаш по мозочниот удар.

Трае -24 часа дневно, 7 дена неделно.

Физикална терпија, говорна терапија, окупациона терапија, рекреациона терапија, неурорехабилитација!

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

22-ри Јули 2017 год. Денес е светскиот ден на мозокот. Придружете ни се за заедно под еден чадор да го одбележиме

11. Мај 2017 год. во Европскиот Парламент, во Брисел, Белгија, се оддржа Првиот ЕУ Самит за мозочен удар, инициран и организиран од Stroke Alliance for Europe (SAFE) и European Stroke Organization (ESO).
Прочитајте повеќе за овој значаен настан и резултатите од студијата Товар на Мозочниот удар. (Прочитај повеќе...)

9 мај - Ден на подигнување на свесноста за мозочен удар во Европа #StrokeEurope

SAFE - Европската алијанса за мозочен удар ќе настапи со резултатот на истражувањето Burden of Stroke пред Европскиот Парламент на 11-ти Мај http://www.safestroke.eu/burden-of-stroke/

Информирајте се за настаните на http://www.safestroke.eu/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Mозочниот удар е трета најчеста причина за смрт во разиените земји, следејќи ги коронарните болести и ракот. Афектира 0.2 % од целата полулација, а фатален е во една третина од случаите.

Најмалку една половина од прежвеаните од мозочен удар се перманентно онеспособени, што го прави мозочниот удар главна причина за долготрајна физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност.

Што е мозочен удар и како настанувa?

Мозочен удар е клинички синдром кој се карактеризира со акутен губиток на мозочната фунција кој трае подого од 24 часови или пак доведува до смрт.

Настанува поради прекин на протокот на крвта во одреден дел од мозокот. Прекинот може да биде како последица на спонтано крварење во мозочниот паренхим (интрацеребрална хеморагија) или во просторот кој го опкружува мозокот (субарахноидална хеморагија), или пак како резултат на неадекватно снабдување на дел од мозочното ткиво со крв.

Мозочниот удар се презентира со нагло губење на функцијата на одреден дел на телото или пак на говорот, или губиток на свеста како резултат на прекин на крвоснабдувањето.

ОЧИ ВО ОЧИ СО МОЗОЧНИОТ УДАР!  СООЧИ СЕ СО ФАКТИТЕ...

                           

 

Може ли терапевтското ладење на оргнизмот - медицински  предизвикана хипотермија да го подобри исходот од мозочниот удар?... прочитај

 

WAKE - UP студијата развива нов пристап кон пациентите кои    се здобиле со мозочен удар во сон, користејќи посебна техника на магнетна резонанца односно снимање на мозокот... прочитај

SVD -Small Vessel Disease- претставува болест на малите крвни садови и капилари во мозокот која допринесува за најголемиот број на случаи на хеморагичен мозочен удар...прочитај

 

PRECIOUS ќе тестира дали е подобро за опоравувањето да се искористи третманот за да се превенираат овие компликации од случување, отколку да се чека да се случат...прочитај