Акционен план за мозочен удар за Европа (СAП-E)

 

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, и Асоцијацијата за Мозочен удар на Р.С.Македонија по повод на ЕВРОПСКИОТ ДЕН ЗА МОЗОЕЧН УДАР 11 МАЈ  го претставуваат проектот на Европската организација за мозочен удар  и Алијансата за мозочен удар за Европа  во кој се вклучени и нашите здруженија .При тоа Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, и Асоцијацијата за Мозочен удар на Р.С.Македонија ја поддржаа Декларацијата за Акциониот План за Мозочен Удар за Европа со цел подобрување во текот на целиот синџир на грижа за мозочен удар, вклучително примарна превенција, организирани услуги за мозочен удар, управување со акутен мозочен удар, секундарна превенција, рехабилитација, евалуација на резултатите и подобрување на квалитетот на живот по мозочен удар

 

Мозочниот удар  доведува до голем товар  врз здравјето и квалитетот на животот за многу голем број граѓани од Република Северна Македонија како  и за граѓаните на секоја земја во Европа. Само во 2017 година , се проценува дека 1.120.000 луѓе во Европската унија имале мозочен удар, 460.000 починале како резултат на мозочен удар и скоро 10 милиони луѓе живеат со сериозни последици од  мозочен удар, како што се инвалидност и деменција. Се проценува дека бројот на луѓе кои живеат со инвалидитет по мозочен удар ќе се зголеми  за 26% во следната генерација. Мозочниот удар предизвикува големи трошоци за здравствените буџети и општествата. Трошоците поврзани со мозочен удар во ЕУ неодамна беа проценети на изразито високи  60 милијарди евра и се предвидува  дека ќе се искачат на 86 милијарди евра, што претставува пораст од 44% до 2040 година.

 

Голем дел од овој товар на мозочен удар може да се намали со соодветни инвестиции и организација на услуги за превенција, третман, поддршка и нега. За да ги координира напорите за намалување на товарот од мозочен удар низ Европа, Акциониот план за мозочен удар за Европа  беше лансиран во 2018 година од Европската организација за мозочен удар и Алијансата за мозочен удар за Европа, претставувајќи ги ставовите на експертите за мозочен удар и пациентите од цела Европа.

 

Целта на Акциониот план за мозочен удар за Европа  е да се подобри целата патека за грижа за мозочен удар, од превенција и рано лекување, до поддршка и последователна нега. Имплементацијата на Акциониот план за мозочен удар за Европа ќе го намали товарот од мозочен удар  за пациентите и негувателите и ќе допринесе да се подобри ефективноста во превенцијата, третманот и грижата за болните од мозочен удар во сите земји во Европа.

 

Покрај намалувањето на товарот од мозочен удар  во Република Северна Македонија , спроведувањето на Акциониот план за мозочен удар за Европа  ќе помогне и во намалувањето на товарот на другите  незаразни болести. На пример, спроведувањето на соодветни стратегии за превенција од мозочен удар, исто така ќе ја намали појавата на деменција, срцеви заболувања, дијабетес и дебелина, што ќе има значително влијание врз благосостојбата, очекуваното траење на животот и трошоците за здравствена заштита.

Европската организација за мозочен удар  и Алијансата за мозочен удар за Европа  неодамна започнаа план за имплементација на Акциониот план за мозочен удар за Европа  кој може да ги засегне сите 53 земји во европскиот регион. Планот за имплементација ќе биде прилагоден за секоја земја , со цел  да се обезбеди нејзина ефикасност, ќе помогне во воспоставувањето на Националните планови за мозочен удар и ќе обезбеди алатки за превенција, третман, поддршка и нега на болните од мозочен удар, вклучувajќи и интернет база за едукација за мозочен удар и листа на основни елементи за нега базирана на докази.

 

Покрај тоа, ние создаваме платформа за собирање на годишни национални збирни податоци за 12-те клучни индикатори за успешност наведени во Декларацијата, овозможувајќи одредување на мерилата со текот на времето и во рамките на земјите. Истото ќе допринесе за да и се обезбедат на секоја земја поединечно  знаења и податоци што се потребни за да продолжи да го подобрува спроведувањето на нејзиниот национален план.